Page:Списание „Вардар“.pdf/2

Оваа страница е прегледана, но треба да биде потврдена.


— 2 —

нациіоналните сепаратисти, као л’уѓе, шчо не располагает нисто со пари, ниту со соосеќаваін’ето и поддржуваін’ето нито на іедна од балканцките или големите іевропеіцки држави, ќе создадат во Маќедониіа само іедна нова словенцка партиіа, коіа само ќе уголемит и без тоа големата раздробеност на словенството во Maќедониіа. Немат зашчо да се зборат, оти и простиіот народ ќе бидит против «Вардаров» и неговите сотрудници, нациіоналните сепаратисти: идеіата, шчо іе имаіет сепаратистите, іет много одвлечена и тешко се разбират от простиіот народ, на коі му имаіет надоідено свекакви проповеди и новововедуваін’а. Наіпосле противниците на «Вардар» и маќедонцките наиіонални сепаратисти сет и руските словенофили и мнозина словенознаіци: тиіе велет, оти и без нова маќедонцка словенцка народност имало много словенцки народности: свекоі разумен човек, велет тиіе, би требало да се стремит кон соіединуваін’ето нови словенцки народности, за коіи до сега нито историіата, нито филологиіата не сет зборувале нишчо. Іа колко неприіатели имат «Вардар» ушче од заваіќаін’ето на неговото излегуваін’е на бело видело. Неговиот задаток, значит, ке бидит: 1, тоі да урдит известни односи меѓу него, неговата програма, неговите последувачи – маќедонцките нациіонални сепаратисти – од іедна страна, и неговите противници – своите балканцки народности, заинтересувани во маќедонцкото прашаін’е – од друга; 2, тоі ке требит со научни доводи да се борит со своите словенофили и словенознаіци, коіи, опираіќи се на историіата и филологиіата, одречит сąшчествуваін’ето на оддел’на словенцка – маќедонцка – народност; со друзи зборови, на «Вардар» му се паѓат, тоі да прегледат свите научни, историіцко-лингвистички прашаін’а за народноста на маќедонците и да ѝ подложит на строга научна критика опираіќи се на нови лингвистички материіали и