стредини, откаде излизаа пропагандистите. Таiа теориiа беше опасна за србцките интереси во Македониiа, зашчо ке повлечеше по себе согласiето на Србиiа да се образуат оддел'на македонцка држаа и со тоа Србиiа не ке добиiеше ни iеден дел од неiа. Втората теориiа, т. е. сите македонцки словени сет исто таквиiе срби, како и бошн'ацие, црногорците и пр., се укорени во Србиiа. Со тоа србите лажеа, не само европеiцкото обшчествено мнеiн'е и македонците, но и сами себе; тиiе зафатиiа да пропагандираат истата идеiа и стред србите со помок'та на сколиiи и книги. Последните беа и сет сите тенденциозни во прашаiн'ето за народноста на македонците. Ил'узиите на европеiцкото обшчествено мнеiн'е за србцки интереси донесе своiите плодои. Ил'узиiите на, самиiот србцки народ пак не сет без резултатно: во случаi на воiна за Македониiа со кого и да iет, србите, како iеден, сите ке се наврл'ат на неприiател'от, — србцката воiска со наi силно патриотцко осек'аiн'е ке се биiет за Македониiа.
Србцките усил'а, да се прегледат од научно гледишче македонцкото прашаiн'е се увенчаа со успеф. Бугарите можат да се утешаваат да iет прашаiн'ето за народноста на македонците решено во нивна полза. Они можат да му турат нему крст. Но не го праат тоа друзите учени. Сега веке имат предстаители од науката, како проф. проф. И. А. Бодуен-де-Куртене, П. А. Лавров и В. Іагич, коiи гледаат на македонцките наречиiа, како на одделен предстаител' на словенцката фамилиiа од iазици. Тоа прегледуаiн'е и такво решеiн'е iет србцка научна победа.
Србите напраиiа преврат и во пон'атиiата и стремежите на македонците, преврат вистина не и во нивна полза, но ушче по малу во бугарцка. Они сакаат да напраат македонците срби, забрануаiки да се обраiк'ат пропагандата со ниф инак, осем како со „праи" и