Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/96

Оваа страница е прегледана, но треба да биде потврдена.
86
 

Работеiн'ето на србите не остана без резултати при решааiн'ето на македонцкото прашаiн'е. Србите со своiите сколиiи во Македониiа успеа да создадат во европеiцкото и руско обшчествено мнеiн'е ил'узиiа, да имат срби во Македониiа. Іедно подобна ил'узиiа поминуат пред праител'ствата на Великите Сили за факт, то iасно iет, оти при решеiн'ето на македонцкото прашаiн'е требит да се имаат пред очи и бараiн'ата на србцкото праител'ство. Следствено, Србиiа при таiа борба достигна поеке од Бугариiа, коiа со шумот, шчо подигна остана со загуби, а не со добит. Ако да не се iавеше ноото течеiн'е во развитиiето на националното самосознааiн'е мег'у македонците, коiе ке приравнит загубите на Србиiа со загубите на Бугариiа, то можит положно да се тврдит, оти од востааiн'ето бугарцките интереси во Македониiа само пострадаа, а србцките само се уголемиiа.

Но србцката пропаганда осем ил'узиiата за србцка народност во Македониiа и побркуаiн'ето да се решит македонцкото прашаiн'е во полза на бугарите, имат и друзи резултати.

Во зафатокот на нивната пропаганда, србите и не мислеа да праат македонците срби; тиiе сакаа просто да создадат во Македониiа, редом со бугарцките, и србцки интереси, така, да во време решеiн'ето на македонцкото прашаiн'е, да добиiат колку се можи по голем дел од неiа. Таiа цел'а се достигаше, iедно со изiавуаiн'е историiцки и друзи праа и сообразуаiн'а, а друго и главно со инакво постааiн'е прашаiн'ето за народноста на македонцките словени. Последните можеа да се истаат, или како нешчо стредно мег'у србите и бугарите т. е. ни срби, ни бугари, а просто македонци или македонцки словени, или како срби. Првата теориiа имаше по малу последуачи и беше предназначена за пред европеiцкото обшчествено мнеiн'е. Но на таiа теориiа беше затворен входот во Македониiа, како и во сите тиiе