на прашаiн'ето за односот на комитетите кон ноото течеiн'е. Іас по горе рекоф, оти по големиiот дел от членоите на комитетите ке бидат за борба со ноото течеiн'е. Но како ви се чинит, али таiа борба ке бидит победоносна за ниф? — Не. — Она само ним ке им ископат гробот. Она ке компрометират и бугарцката политика во Македониiа. И ето зашчо.
До сега комитетите кажуваа на надворешниiот свет, оти они работат само за „Македониiа за македонците" и сет готои да дадат секакви гаранциiи да не станит присоiединуаiн'е на Македониiа со Бугариiа. Бугариiа искажуат истата политика во македонцкото прашаiн'е. Комитетите вел'ат, оти се готвеше и стана обшчо македонцко востааiн'е от сите македонцки народности заiедно, а не само од „бугарите". А кога им кажуате: iедно востааiн'ето iет обшчо от сите македонцки народности, то зашчо комитетот заседаат само во Бугариiа, а не и во Србиiа, Влашко и на друго место, тиiе одговараат така: от тоа, шчо комитетите заседаваат во Бугариiа, грешно iет да се праит закл'учок, македонцките комитети да сет бугарцки; за македонцките комитети Бугариiа не iет нишчо поеке од iедна држаа, шчо окажуат гостеприемство на македонците и им даат слободиiа да работат слободно до колку таiа работа не наносит вреда на држаата; т. е Бугариiа во македонцкото востааiн'е играт само рол'ата на Каравлашко во бугарцкото востааiн'е. Бугариiа кажуаше истото. Европеiците, се разбират, не веруваа на тоа. Ами сега, колку лажовни ке излезат тиiа увереiн'а и на македонцките комитети и на Бугариiа, ако и iедните и друзите, от пасивен однос кон iедно ноо течеiн'е, шчо барат „Македониiа за македонците" а не за бугарите, или од иронизируаiн'е со него, стапит во борба со него? Таiа борба ке свалит маската и од iедните и од другата и ке востаноит сим-