таиiа полно недоверие кон нашето „дело" от страна на европеiците, мислеiки го за итрост, не македонцка, ами бугарцка, и за маневр на бугарцкото праител'ство да се решит македонцкото прашаiн'е по скоро. Сиромашкото бугарцко праител'ство се наiде во небрано лоiзе во македонцкото прашаiн'е: македонците го изиграа и го употребуваа како средство во своите цели, а европеiците го обвинуваа во итрости, от коiи шчо тоа сиромашкото беше далеку. И така името бугарин присвоiено от комитетите и организациiата за македонцките словени, и соединуаiн'ето на нашите интереси со интересите на Бугариiа во агитациiата на комитетите у бугарите, беа причина, сета македонцка работа да се припишит од Европа на Бугариiа и бугарите, и като бугарцко надворешно iавуаiн'е да се не поддржуат.
Малу тоа: името бугарин, коiе застауаше да се односуат европеiците со недоверiе кон работата на организациiата, видеiки во неiа сакаiн'е на Бугариiа, со револ'уциiа да нарушит равновесiето на Балканцкиiот полуостров, и непостоiанството на бугарцката надворешна политика, напраена, сега против Русиiа, сега со неiа, послужиiа за причина да се согласат Русиiа и Австро-Унгариiа, заiедно со взаимно согласiе да решаваат балканцките прашаiн'а. Тоа согласуаiн'е од 1897 год. беше напраено против Бугариiа, како мнима подстрекател'ка на македонците, но негоите резултати беа вредител'ни, не за Бугариiа сама, зашчо во бугарцките натрешни работи никоi немат прао да се набркуат, а за нас македонците. Тоа iет отрицател'ната страна на првиiот период на националното ни самосознаiн'е; тоа iет причината на неуспеот на востааiн'ето ни. Неуспеот значит главно се должит на името бугарин, усвоено и пропагандирано од револ'уционерите.
Востааiн'ето напраи епоха во жиотот и националното самосознаiн'е на македонците словени. Оно