да се столкуваат и да согласат интересите на своiата таткоина, не само со Бугариiа, но и со друзите блкански држаици, откако се дадат од страна на Македониiа некоiи задолжеiн'а на тиiе држаици за окажаната неi помок'?
Од дотука реченото iет iасно, оти борбата мег'у Бугариiа и Србиiа за влиiаiн'е во Македониiа во резултат даде развиiаiн'е на сознаiн'ето, да судбите на Македониiа требит да сет во раците на македонците. Македонците се организуваат со сознааiн'е своiите праа на своiата таткоина и своiот долг пред неiа. Со организуаiн'ето си, македонците станаа главниiот фактор во решеiн'ето на македонцкото прашаiн'е, как во своiите очи, така и во очите на Европа. Од востааiн'ето со нас се церемонат; до него на нас гледаа како на iедна неопределена маса.
Тиiе сет сите резултати од досегашното ни самосознааiн'е. Организациiата со постепеното оддел'аiн'е на македонцките интереси од бугарцките, со земаiн'ето на македонцкото прашаiн'е во своiи раци и наi после и наi многу со сегашново востааiн'е во резултат достигна тоа, шчо не предполагаше: на место слободиiа да бараат, сега во Македониiа мнозина сет убедени, да ни требит полно пресечуаiн'е на врските со сите балканцки народности и култивираiн'е на се, шчо iет во Македониiа оригинално и своiе: iазико, обичаiите, историiата, писменоста, народната словесност и пр.
Тоа нешчо не се предвидуаше, зашчо се мислеше, оти името „бугарин" ке ни донесит се, шчо очекуафме од народното движеiн'е. Но во расчетите се излагафме. Заiедно со арнотиiите за интересите на Македониiа, изброiени по горе, името бугарин донесе и одречни резултати за револ'уционото „дело": Името бугарин и неiеднаквите увереiн'а пред Бугариiа и пред Европа за судбата на Македониiа по неiното ослободуаiн'е сос-