Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/76

Оваа страница е прегледана, но треба да биде потврдена.
66
 

интереси пред русите, они преводат или состауваат на руски книги со историцко содржаiн'е. Таков утилитарен, тенденциозен и спекул'ативен однос кон науката не iет за одобруаiн'е и iет причина и резултат на национален шовинизм, но последниiот iет резултат на тиiа историiцки прилики, во коiи попадна србството, особено после Берлинцкиiот догоор. Србите можиме да обвинуаме во шовинизм; но они не сет по големи шовинисти од бугарите. Србите сет националисти, со арно сознаiани народни идеали и интереси, коiи шчо, со труд, наука, перо и дипломатиiа, сите, како iеден чоек, одат по iеден обшч за сите пат, и за тоа одржуваат победи над бугарите на секоi рачкор. Србите сет шовинисти; они сет отчаiани во борбата со своiите неприiатели за зашчита на нивните национални интереси. Но, ако порамниме србцкиiот шовинизм со бугарцкиiот национален индиферентизм и ѝ разгледаме од македонцко па и од обшче чоечко гледишче, то ке требит да признаiиме, да србцкиiот шовинизм, како резултат на основно изучените народни интереси, стоiит много по високо и много по горе од бугарцкиiот национален индиферентизм, коi iет резултат на отсатствиiе на секоiе разбираiн'е на бугарцките државни интереси. Во тоа време, кога србите од крал'от и министрите до последниiот србцки амалин сет националисти и наог'аат за нужно сите да се сплотат во iедно, за да достигнат со обшчи сили народните идеали, бугарите се цепат на социалисти и секакви друзи — исти, коiи наi малу сакаат да: оправдаат послоицата, да соiединеiн'ето праит силата. — Туку се тоа iет резултат на политичната зрелост на народот: србите во течеiн'ето на цел век изработуваат националните идеали и изучуваат националните интереси, а пак бугарите го праат тоа само во 14 век.

Како и да iет, но одделеiн'ето наше од бугарите ке ни даiит возможност критично да се односуаме кон