борба. Во замена на тоа, ако iеден народ добиiет политична слободиiа, или се исполнит нешчо друго важно за народниiот жиот, без негоо, или со мало негоо содеiство тогаi, кога у него ушче немат изработено народни идеали, или, ако сет изработени, не сет усвоiени от сите членои на народот,—то, во таков случаi, народот не ценит народните идеали, и како чоек без определена цел'а и програма за работеiн'е, се фрл'ат, то во iедна, то во друга страна, праеiки тоа, не зашчо тоi iет убеден, оти така требит да бидит, а зашчо видит да имат околу него л'уг'е, шчо постапуат така или инак.
Шчо видиме ниiе во наi ноата бугарцка историiа? Бугариiа добиiат политична слободиiа, наi важното нешчо во народниiот жвот, ушче тогаi, кога у ниф немаше народни идеали, кога и сами не знаiеа, шчо сакаат. Слободиiата iе добиiа бугарите со наi мали жртви и усилиiа; неiа им iе подариiа русите. Ослободеiн'ето напраи iедна голема пропаст мег'у по прег'ешната бугарцка историiа и жиот, и ноата. Во првата бугарите видеа сато iеден мрак, за тоа ови се одврнуваа од неiа. И така бугарите во ноиот слободен жиот се iавиiа како народ без традициiи, народни идеали, сознаiн'е на народните и државни интереси и историiцко наследиiе. Значит, Бугариiа се iави како држаа во вид на историiцко недоносче. Со усил'ата на Русиiа тоа недоносче окрепна малу, но при првото осек'аiн'е на своiите сили заiавуат претенциiа на самостоiна политика — извор на нестреки за македонците.
Но не само во таiа самостоiна политика се закл'учаваат нашите нестреки, а следствено и причината за оддел'аiн'е на нашите интереси од бугарцките, па и причината на оддел'аiн'ето ва македонците овде во македонцко другарство.