да речиме следното: Бугариiа со неiното русофилство не напраи никаква услуга, ни на Русиiа, ни на Македониiа. Но од русофилството она се восползуа со заiамот, напраен при руско содеiство, а друго, и наi главно, не изарчи позаiаените милиони на воiени нужди, и со тоа остаи полни државните каси. Бугариiа и да водеше „самостоiна" и „национална" политика т. е. да беше орадиiе на троiниiот соiуз против Русиiа, пак немаше да напраит нишчо, зашчо сега и немат тиiе натегнати односи мег'у ниф, коiи беа при Стамболова. Сега членоите от троiниiот соiуз имаат оддел'ни соглашеiн'а по мег'ународните прашаiн'а, работат заiедно по ниф и парализуваат сите капризи на малите држаи, коiи со тиiе капризи сакаат да изменат политичното разновесiе во нивна полза. Сега немат место за Стамболовцка политика. Возродуаiн'ето на Стамболовцкиiот режим во Бугариiа сега не се оправдуат со нишчо и iет iеден нов опит на политичното недоносче да покапризничит. Но од тиiе капризи, не него, а нас македонциге, ке не болит глаата, како шчо и не болит веке. Но ноите праители во Бугариiа ни вел'ат: тоа iет Русиiа крива; Русиiа се боит од iедна голема Бугариiа и за тоа: таiа кладе Фирмил'ана, таiа сега не сакат да даiит на Македониiа автономиiа, таiа не не остаи нас да се приготвиме, и да воiуваме со Турциiа.
Другари! Таквиiа тврдеiн'а, не сет нишчо друго, осим iедна лож iедна клевета, фрлена на ослободител'ката Русиiа од iеден ослободен робцки народ, коi шчо ушче не iет слободен од негоите робцки инстинкти, со коiи се ползуат, за да оправдат своiата глупаа „самостоiна" и „национална" политика. Тоi народ, коi шчо iет првата и последната причина за сите наши нестреки, со своiите глупаи постапоци не наведе на iедна нерамна борба со турците, и во наi решител'ниiот момент не остаiи на произвол на судбата. Тоi произведе клаiн'ето