Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/62

Оваа страница е прегледана, но треба да биде потврдена.
52
 

таiа причина некоiи од политичните партиiи клеветеа Русиiа, како неприiател'ка на Бугариiа, и на се бугарцко, наi многу за поддржката од страна на Русиiа србцката пропаганда. Бугарцките политикани не можеа да видат, оти поведеiн'ето на Русиiа iет плод на нивните глупости, шчо се вел'ат „самостоiна" и „национална" политика. Кога таiа „самостоiна" и „национална" политика iет орадаiе на неприiателите на Русиiа, против интересите на последната на Балканцки полуостров, можат ли да бараат тиiе бугарцки политикани од руското праител'ство, да бидит оно совршено безучастно во собитиiата на Балканцки полуостров, кога тоiа полуостров iет бил грижата на Русиiа цело столетiе и поеке? Она требит да си сочуат своiите интереси тамо, па и ако тоiа сочувуаiн'е не ке бидит по вкусот на „самостоiната" и „национална" политика. Бугарите во своiата надворешна политика станаа русофили и русите си измениiа малу политиката кон бугарите. Но бугарцкото русофилство беше со есап, и не беше траiно, значит, и руската политика немаше да се изменит окончателно, iедно не се знаiеше, до колку iет искрена и траiна бугарцката надворешна политика. Бугарите беа не задоолени од руската политика во последно време, особено заради прашаiн'ето за ракополагаiн'ето на Фирмил'ана и за македонцкото востааiн'е. Они вел'ат: во тоа време, кога министерството на Данев предаде надворешната политика на Бугариiа во раците на Русиiа, последната на место да ни поможит, напраи да се ракоположит Фирмил'ан во Скопiе, и друго, не напраи нишчо за Македониiа. Бугариiа да беше водела „самостоiна" и „национална" политика, она не ке допушчеше првото, и ке решеше македонцкото прашаiн'е со по големи реформи.

Тиiе сет расудуаiа'ата на бугарите. Но ниiе, ако станеме на самостоiно македонцко гледишче, ке требит