Разруши арните односи со Русиiа, и повика Стамболова, тоi да предаит Бугариiа во раците на троiниiот соiуз и Англиiа, и да iе напраит нивно орадиiе против Русиiа. Таiа ноа ера во историiата на Бугариiа, таiа самостоiна политика се зафати од присоiедиенуаiн'ето на Бугариiа со Источна Румелиiа и од нарушааiн'ето од Бугариiа на Берлинцкиiот догоор, на коi шчо почиваше и праото на македонците на автономиiа со рисiанин генерал-губернатор. Нарушаiн'ето на Берлинцкиiот догоор и Стамбуловцкиioт режим, крстени „самостоiна национална" политика на Бугариiа, на тоа политично, капризно, несовршенолетно недоносче iет втор удар за политичната слободиiа на македонците. Европа и Русиiа настоiаваа да се изработит план за реформи во Македониiа и во 1882 година, тоiа план беше веке готов и ке се настоiааше да се воведит, како ноиiот „политичен фактор на балканите" кажуат своiето vеtо, и на место реформи сакат за Македониiа бугарцки владици. Бератите за владици се дадоа и ниiе, заслепените македонци, поверуафме на Бугариiа, оти она со неiната „самостоiна" политика нишчо друго не праит, осим одржуат политични победи и облагодетел'ствуат нас, македонците. — Арно ни замажаа очите. — Но не поминаа и 5—6 години, како се отрезвиiа бугарите од своiето увлечеiн'е во „самостоiната" политика. Се убедиiа со напредуаiн'ето на србцката пропаганда во Македониiа, оти они не сет iединствениiот фактор во македонцкото прашаiн'е, а оти имат, осим ниф, и друзи, и оти успеот при конкуренциiата ке бидит тамо, каi шчо ке бидит поддржката на Русиiа. Бугарите пак станаа русофили, но тоа го напраиiа, не со чисто срце, а за да напраат руското праителство орадиiе на своiите интереси во Македониiа. При надворешното приiател'ство на Русиiа, они не можеа да се примират со мисл'ата, зашчо руските консули во Македониiа да поддржаваат србцката пропаганда тамо. Зa
Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/61
Оваа страница е прегледана, но треба да биде потврдена.
51