За нашите односи кон турците iас можам да речам само iедно: ниiе сме задолжени да напраиме се, шчо се барат од нас, за да докажиме на Турциiа, оти неiното остааiн'е како европеiцка држаа стрек'ат во нас полно сочувство. Ниiе сме задолжени да бидеме лоiални поданици на Н. Ц. В. Султано. Но при тоа бараме и ке бараме од Негоото праителство цел ред реформи, коiи ке ни сочуваат наi главните интереси на нашето национално и културно развиiаiн'е. Јас мисл'ам, оти ниiе требит да бидеме лоiални кон Турциiа, но предполагаiки, оти турцкото праителство и народ ке разберат наi после, оти интересите на нивната држаа во Европа совпадаат со нашите и зависат наi много од ниф, а не си протиоречат, и затоа турците први ке требит да докажат искреното сакаiн'е да сет во мир со нас и со тоа да заслужат нашата поддршка на нивните интереси. Ако пак тиiе мисл'ат со нас да не се церемонат, и да лажат Европа и нас со реформи, коiи не iи иополнуат, то не ке се удивит Турциiа, ако и ниiе обрниме нашите возгледи кон Европа и од неiа бараме, да се воведат во таткоината ни со сила тиiа реформи, шчо се признаваат от силите европеiцки за истинцка требност за успеiаiн'ето на религиознонационалното и културно развиiаiн'е на македонцките рисiани. Европа ке обрнит возгледите на нашите бараiн'а, зашчо она iет задолжена да напраит тоа со два меѓународни актои: проекто за реформи во Македониiа от Февруар и мiурцштегцкиiот проект. Тиiе два мег’ународни актои ни обек'аваат постепено рашируаiн'е на реформите во Македониiа, и со тоа даат ни прао да се обрак'аме до двете реформаторцки држаи со меморандуми и по друзи патишча, за да им покажиме на нашите религиозно-национални и економцки нужди, како и на тоа, шчо праит Турциiа, за да се исполнат тиiа наши нужди.
Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/6
Оваа страница е потврдена.
VII