даваат да се соiединиме. Од македонцко гледишче соiединеiн'ето на цела Македониiа со Бугариiа, или Србиiа, или Грциiа не iет желател'но, но не iет и страшно. Значит нема зашчо да се бориме со него. Но такво соiединеiн'е не ке допушчат, ни малите балканцки, ни големите европеiцки држаи. Значит, ниiе, не сакаiки да бркаме нашите интереси со бугарцките, дааме своiето согласiе и узаконуаме сашчесчествуiушчиiо ред. Се питат само, али тоа узаконуаiн'е iет во наша полза, зашчо кажуваат, оти Бугариiа ни напраила многу арнотиiи, и ке ни напраела ушче. Да видиме, шчо арно сме виделе ниiе до сега од бугарите?
Бугарите усилиiа бiуджетот на екзархиiата от поiавуаiн'ето на србцката пропаганда; со друзи зборои усилиiа нивната пропаганда и нивните интереси во Македониiа. Кладоа они неколку владици, и отвориiа неколку трговцки агентства, поддржаа со пари востааiн'ето во Македониiа и прераниiа во Бугариiа мнозинство обездомени македонци, избегани во Бугариiа. Тиiе сет арнотиiите, шчо ѝ видефме од бугарите.
Како ви се чинит: али сет доста? али сет много? али сет поеке од добрините, шчо ни ѝ напраиiа србите? — Ако не бидиме бугарцки шовинисти и пристрастно не гледаме на работите, не можиме да не констатираме, оти во Македониiа бугарите не напраиiа за нас македонците, нишчо поеке од тоа, шчо напраиiа србите. Пак и смело можит да се речит, оти напраиiа по малу от србите. Горе изброiените бугарцки добрини не сет напраени во полза на самите македонци, а на интересите на Бугариiа во Македониiа. За тоа бугарцките милиони за Македониiа немаат по големо значеiн'е од србцките за тамо. Бугарите ни кладоа владици во Македониiа; имаiте на ум, оти тиiе владици сет во поекето случаiи и во наi важните места бугари, а не македонци. Преко владиците бугарите сакаа да истре-