и на друзите народи, ке изучит своiите и туг'ите достоiинства и недостатоци. Іеден просветен народ можит да се срамнит со iеден умен чоек; за тоа, наш долг iет, да приложиме сите своiи сили, со своiето работеiн'е да просветиме нашиiот народ.
Културното работеiн'е iет по мачно од револ'уционото, зашчо првото iет умствено, а второто поеке физическо. За ил'устрациiа земете изучааiн'ето на класическите и нои iазици и кореспонденциiата на комитетот или распределеiн'ето на четите. Револ'уционата деiател'ност iет времена и разрушаiушча, а не вечна, созидаiушча. А културниiот чоек, за да имат прао да се наричат таков, требит да созидат, а не да рушит. За да бидит здаiн'ето здрао, требит да му бидит темел'от убав. За тоа чоек не требит, само за олеснуаiн'е на своiата работа, отрицател'но да се однесуат кон много науки мачни, како старите iазици, но шчо состауваат осноаiн'ето на много положител'ни сведеiн'а и науки. Цел'ата да се добиiат положител'ни сведеiн'а от сите оддели на науката, не само за нас лично, а како членои народни, ке требит да застаит секого од нас да посветит сите своiи сили, сето своiе слободно време за изучуаiн'е на сите тиiа науки, шчо сет наi нужни за нашиiот народ и шчо требат наi много работа, зашчо за по лесните секоi пат ке се наiдат доста охотници. Ниiе, ако сакаме да имаме чиста совест пред нашиiот народ и пред себе, требит да зимаме на себе, за да му поможиме, и наi мачните научни работи, а не да се изгооруаме, избираiки наi лесното, да немаме способности или призваiн'е за тиiа науки, шчо требаат наi много труд и сакаiн'е да се работит.
Културното работеiн'е iет по нравствено од револ'уционото, зашчо со првото интелегенциiата се чинит истинцки слуга на своiот народ, а со револ'уциiата она се обрнуат во немилосрден експериментатор.