Но тоа шчо ни се прошчааше до сега, не можит да ни се опростит за од напред.
Сега ниiе не можиме поеке да гледаме на себе и своiо народ, како на iеден младенчески народ, без политичен опит. Ниiе поминафме во своiето историiцко развиiаiн'е веке важни стадиiи, коiи можит да состаат епоха во историiата на коi и да бидит народ. А ноата епоха налагат на нас ноа требност, - културно работеiн'е.
До сега работеше народот со интелегенциiа задружно, но работеiн'ето беше распределено не iеднакво: народот се iавуаше исполнуач на планоите на интелегенциiата, кога последната не праеше нишчо поеке от состауаiн'е планои или организуаiн'е на реовл'уционо движеiн'е. Организаторцката работа iет пак работа, но не можит да се речит да iет од тешките. Подготвуаiн'ето за револ'уциiа iет работа, коiа, можит, требит нервно работеiн'е, но тоа работеiн'е не iет толку мачно и толку ценено, колку се мисл'ат револ'уционерите - младата наша интелегенциiа. Подготвуаiн'ето на iедно востааiн'е се продолжаат 5-10 години и после сите забркани во него, или умираат, или пак, ако останат живи, требит да останат без нишчо, и да си изберат некоiа друга работа, коiа ке требит да зафатат од ноо, и за коiа, можит, и не сет сосим приготвени. Организаторцката работа не iет толку мачна и за тоа, шчо, обично, ортанизаторите често, мислеiки, оти нивниiот жиот iет по важен од жиотот на сел'аните, подстауат на наi мачните работи простите работници, или народот. За тоа организаторцката работа од iедна страна iет работа за iеден чоек, шчо предпочитат временото напрегуаiн'е на силите пред постоiаниот упорен и мачен труд, од друга страна, она iет и безнравствена, зашчо, при неа, не чоек се жртвуат во полза на обшчеството, на народот своi, или на чоешчината, а