Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/47

Оваа страница е прегледана, но треба да биде потврдена.
37
 

сколиiите сегашниiот македонцки iазик, ами тоа се барат само за тиiе, шчо зборуваат македонцки. Ако пак патриархиiата продолжит преследуаiн'ето на македонцкиiот iазик мег'у македонците, и место него пропагандират грцкиiо iазик, со тоа ке натерат македонците да гледаат на неiа, како на орадиiе на грцката национална пропаганда. Во таков случаi, и грците и патриархиiата ке ни се обiаат за неприiатели на нашата народност, и наш свет долг ке ни бидит, да одбиеме сите грцки напади на нашата народност. За таiа борба мег'у рисiани ниiе свал'аме от себе одгоорноста на грците и патриархиiата, оти ниiе во тоiа случаi не нападаме, ами се браниме от чузди покушеiн'а.

Наi арни можат и требит да ни бидат односите со власите. Нашите интереси никаде не се престрек'аат со влашките. Власите поеке живеiат во градоите, и сет трговци, а ниiе поеке сме во селата, и сме селцки стопани. Тиiе од власите, шчо живеiат во селата, се занимаваат со овчарство. Власите и нашиiо народ се разликуваат: по iазик, носиiа, характер, така да никоi пат власите не можат да претендираат на нашите села, исто така, никоi пат ниiе не сме кажуале оти влашките села сет наши. Мег'у нас и власите немат никаква историiцка недоразбериiа. Власите никоi пат не сет имале, никаква власт над нас, и никоi пат не ни се сториле никаква пакост. Исто така и они немаат нишчо патено од нас. На опаку, ушче от стредните векои мег'у нас и власите iет имало секоi пат согласiе. На таква почва можит да се развиiит наi срдечна дружба мег'у нас и власите. Таiа дружба требит да пушчит глабоки корени мег'у двата братцки народи, за да им даит возможност, рака за рака да врват по тешкиiо пат на културниот прогрес.