и сите четници, признаiн'е на словените во Македониiа за одделна народност: македонци, и внесуаiн'е на тоа име во официалните книги и пр.
Со полното прекратуаiн'е на востаiн'ето, ке се устаноат мег'у нас и турците односи, коiи одговараат на интересите и наши, и нивни. Тогаi ке се имат возможност да се видит, оти нашите интереси со нивните така сет сплетени, шчо, со загубуаiн'ето на iедните, губат и друзите, а сета полза извлекуваат од нашето неприiател'ствуаiн'е треки, ке се речит, малите балканцки држаи. Тоа се видит особено iасно од возможнните последици на востааiн'ето, коiи за наша и турцка стрек'а не последуваа. Зборот ми iет за делеiн'ето на Македониiа мег'у малите балканцки држаици.
Востааiн'ето се дигна и разори, и нас, и турцката држаа. Вредата од него, и за нас, и за Турциiа iет громадна, но па по мала отколку, шчо можеше да бидит. Стрек'а и за нас и за Турциiа iет, шчо мег'у Бугариiа и Србиiа немаше никакво согласуаiн'е по македонцкото прашаiн'е. А такво согласуаiн'е немаше, зашчо Бугариiа мислеше да присоiединит до себе цела Македониiа сама без помок' на друзите саседни и големите држаи. Бугариiа се излажа во расчето. Во тоа се состоит нашата и стрек'ата на Турцко. Бугариiа до сегашното востааiн'е немаше политички опит за решеiн'ето на македонцкото прашаiн'е, ето зашчо, сите маневри да се решит оно излегоа iалови. Бугариiа до сега не знаiеше, оти решеiн'ето на македонцкото прашаiн'е не iет искл'учител'но во Софиiа, ами колку во Софиiа, толку и во Белград, т.е. во согласуаiн'ето мег'у Софиiа и Белград. Тоа согласуаiн'е до сега се броiеше за државна измена, но от сега, от како си испитаа бугарцките дипломати сето безсилиiе, и при наi големите своiи усилиiа сами да решат македонцкото прашаiн'е, ке се наiдит цел ред бугарцки дипломати, коiи