Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/43

Оваа страница е потврдена.
33
 

борбата, или беа против нас. Малу iет тоа, шчо ниiе проливафме крвта на нашиiот народ за туг'ите, па и за интересите на нашите неприiатели, но со нашата крв и разореiн'е, к'е се восползуваат нашите неприiатели от слободните држаици за да продолжаваат со своiите религиозни и национални пропаганди, да не дел'ат на протиоположни и неприiател'цки лагери: срби, грци и бугари.

После борбата на боiното поле, ке настапит време да се бориме на културна почва, и во тоа време, наместо да имаме возможност, да се ползуаме со плодоите на пролиiената крв и да преуспеваме културно, ниiе, и тогаi, како и сега, ке требит да помагаме во наша вреда, то србцките, то грцките, то бугарцките интереси.

При таква национална раздвоiеност, и при полното економцко разоруаiн'е беземислени к'е станат секакви конференции, набркуан'а и реформи, оти сите ке водат кон iеден дележ на Македониiа.

По сите тиiа сообразуан'а, како и по полната убеденост во тоа, оти, не само бесполезно и невозможно iет по накашното успешно сопротивуаiн'е, iас мисл'ам, оти наш долг iет да замолиме македонцката интелигенциiа, коiа имат влиiаiн'е на сегашното движеiн'е, да обрнит своiот поглед на сериозноста на положеiн'ето, да измислит патот и сите стредства, колку се можит по скоро, за да се искажит полно доверiе кон постапоците на заинтересуаните Големи Сили во полза на македонците, и откако ке им даiит обек'аiн'е, да прекинит, по накашната борба, да ѝ замолит да се помогнит, морално и материiално на постраданото населеiн'е да се попраит; да замолит, да се воведат сите предложени реформи и тиiа, коiи шчо ке наiдат Силите за нужно, како раширеiн'е на изработениiо проект; да се отстранат пропагандите и востаноит Охридцката Архиепископиiа со црковно-сколиiцка автономиiа, амнистиiа на емигрантите