Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/41

Оваа страница е потврдена.
31
 

двете наi многу заинтересуани држаи. Држаите разно гледаат на прашаiн'ето, а тоа разногласiе бркат на iеднодушно давлеiн'е на Портата. Можит ли да се мислит, оти на конференциiата ке имат по големо iедногласiе, от тоа шчо го видиме сега во постапоците на двете заинтересуани држаи?

Сегашната конференциiа ке бидит сосем во друзи условиiа от тиiе, во коiи работеше конференциiата пред последната руско турцка воiна. Сегашната конференциiа ке изиграет само во полза на малите држаици, шчо бараат на есап на македонците да си осноат и рашират праата на нивните народности. Ако iет така, а инак не можит ни да бидит, то ексик му и конференциiата!

Іедно iет така, то немат смисл'а и по накашното сопротивуаiн'е. Знаете ли, шчо мисл'ат тиiе, шчо сет за по накашното сопротивуаiн'е? - Іедно имаат надеж за набркуаiн'е на Силите; друго, се надеiат на конференциiа; и трек'о, кажуваат, ако не бидит ни iедното, ни другото, то ке напраат Турцко економцки да пропаднит со долгото содржуаiн'е на голема воiска. Іеднаш се видит, оти двете првни надежи не ке бидат во наша полза. А трек'ото ушче по малу. Зошчо ке питате?

Европа имат интерес, да се сочуат Турцко, ето зашчо, ке му дават средства, за да се сочуат. А коi ке и плаiк'ат тиiе пари и процентите од ниф? - Пак ниiе. Но да предположиме оти турцкото економцко разоруаiн'е не ке се отразит на нас. Но не iет ли iасно, оти, ако Турцко ослабнит економцки ниiе к'е ослабниме во неколку пати поек'е? Не знаеме ли ниiе, оти сето време, до кога ке се продолжаат борбата со четите, турцкиiо аскер ке грабит, ке насилуат и ке праит секакви друзи пакости на населеiн'ето? Народо