зависат од ниф, да се удовлетворат сите наши религиозни, национални и економцки интереси.
Іасно ми iет, со какво негодуаiн'е ке се однесат мнозина кон тоа мое предложеiн'е. Можит, ке го наречат и предател'ство. Можит да бидит, да се наiдат и л'уг'е, коiи шчо ке речат, оти требит да се мавнат от тоiа свет лица со такви мисли.
Коi како сакат, нека речит, нека мислит и нека приiимат против мене. Долго кон народот и таткоината му диктуваат да се искажам во таква смисл'а. Іас сум iеднаш уверен, оти во постапоко ми немат нишчо предателцко: 1, оти мислите, не само на частни лица, како мене, но и на сите македонци од боiното поле и од Бугариiа, и мислите, бараiн'ата и предложеiн'ата на целиiо бугарцки народ и бугарцкото праителство, не сет во состоiаiн'е, да изменат погледите на Големите Сили и Русиiа на нуждите на македонцкиiо народ; 2, сите усилиiа по натамо одваi ли ке изменат поведеiн'ето на држаите во нашето прашаiн'е. Наi много, шчо можит да бидит, тоа iет - европеiцка конференциiа; но таiа конференциiа не можит да се зафатит по рано от пролетга, и то, тогаi ке се зафатит само, ако востааiн'ето тогаi бидит по силно от сегашното. Но можит ли да се предвидит одот на востааiн'ето? Пак и да се допушчит, оти востааiн'ето тогаi ке бидит, и по силно от сега, и ке принудит Европа, да се повикат европеiцка конференциiа, можит ли некоi да предречит, оти решеiн'ата на таiа конференциiа ке бидат во наша полза? - Одваi ли.
Европеiците до сега си имаат напраено непраилен закл'учок за народноста на македонците, и ето зашчо, последните, коiи носат на своiот грб сите тешкотиiи и нестреки от сегашното востааiн'е ке имаат наi малу полза од решеiн'ето на конференциiата. Требит да бидиме слепи, за да не видиме тоа, шчо iет очигледно.