Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/38

Оваа страница е потврдена.
28
 

поданиците, нивните граг'ански праа и сносно економско сашчествуаiн'е. Ако тиiа потребности на поданиците не се сочуваат, и Турциiа продолжаат да бидит неискрена во прилагаiн'ето на реформите, то от тоа ке пострадат наi много пак она: 1, она ке бидит принудена со сила да воведит некоiи реформи, 2, ако и после тоа населеiн'ето не бидит оградено во национално-религиозен и економцки однос, то со тоа ке се восползуваат неприiателите на Турцко да напраат во Македониiа брканица за да ловат риба во матна вода.

И така првото нешчо, коiе шчо ке требит Македонцката интелегенциiа да се добиват, тоа iет: устранеiн'ето на недоверiето мег'у интелегенциiата, со разно национално и религиозно образуаiн'е, обiединуаiн'ето на таiа интелегенциiа, как во самата Македониiа, така и зад неiните граници; совместното обсудуаiн'е обшчите интереси на Македонците; устрануаiн'ето на национално-религиозната мрзн'а; воспитаiн'ето на македонцките словени во чисто македонцки национален дух; задолжителното изучуаiн'е на македонцкиiо iазик и слоесност во стредно-учебните заведеiн'а во градоите со словенцко населеiн'е; обучеiн'ето во селцките сколиiи со словенцко населеiн'е на македонцки iазик. Во словенцките села во црквата словенцко богослужеiн'е. Ако тиiа бараiн'а стретат отпор од некоiа от пропагандите, то да се молит турцкото праителство и Големите Сили, да се отдалечат од Македониiа деморализуiук'ите пропаганди, да се востаноит Охридцката Архиепископиiа, во раците на коiа да преминит црковно-сколиiцкото дело за сите рисiански народности во Македониiа.

Друго нешчо, коiе се барат од нас, iет, да се обрниме до нашите браiк'а, шчо воiуваат во таткоината ни, да сложат оражiето, за да се даит возможност на Русиiа и друзите сили, да земат сите мери, шчо