Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/37

Оваа страница е прегледана, но треба да биде потврдена.
27
 

Можит да се предречит, каква ке бидит судбата на Македониiа под Австро-Унгариiа: Босна и Ерцегевина iасно ни покажуваат, оти не ке поминат и 10 години од Австриiцката окупациiа, како ке зафатат македонците без разлика на вера и народност да си оставуат своiите катои и да се исел'уат.

А и присоiединуаiн'ето до iедна од балканцките држаици, шчо не iет никоi пат возможно, ни делеiн'ето, ни окупациiата, не сет водзможни без револ'уциiа од натре. И имаат ли смисла тиiе револ'уциiи, кога ни обезпечит Н. И. В. Султано националното и религиозното сашчествуаiн'е и ни гарантират равноправност пред законо и во областната самоупраа со турците? А се имаат осноаiн'а да се мислит, оти Иксператорцкото праителство iет исполнено со добри намереiн'а за своiите македонцки народности. Историiата помагат да секоi народ да си видит грешките, коiи шчо имат праено, и да се чуат да не се повторуат. Сегашното востааiн'е iет многу поучно, како за нас, исто така и за турците. Іас не можам да допушчам, турците да не се поучат од него: iасно iет за секоi, па и за турците, оти Турциiа не можит поеке да сочуат Македониiа ако продолжат истата политика, кон нас, шчо iе водеше досега, Турциiа не можит да да сочуат таiа своiа провинциiа без содеiство на местното жителство. Іедна воiска не iе доста, како шчо не iет доста и доволството на меншеството на населеiн'ето. Турцкото господство во Македониiа ке се сочуат само тогаi, ако во неiа имат многочислено населеiн'е, коiе шчо видит своiето благосостоiаiн'е обеспечено само под власта на Турциiа. Тоа населеiн'е ке составуат главниiо оплот на турцките интереси во Македониiа. А поддржката на болшинството Турциiа ке добиiит само, ако се погрижит да воведит во Македониiа истинцки реформи, способни деiствител'но да сочуваат националните и религиозните интереси на