Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/34

Оваа страница е прегледана, но треба да биде потврдена.
24
 

ке примирит безосновната вражда мег’у разните народности.

Таков исход на кризава iет нешчо наi арно и за Турциiа. Турцките дипломати се лажат многу, ако мисл’ат, оти ке сочуваат Турциiа во Европа поеке ако се придржуат до политиката: divide et impera. До кога имат во Македониiа почва за национални пропаганди, до кога не се отстранат причините, чуздите држаи да имаат во Македониiа поеке влиiаiн’е од самата Турциiа, до тогаi Турциiа само ке расходуат на Македониiа, а не ке имат од неiа никаква полза, до тогаi секоiа минута ке требит да се боiит да не изгубит Македониiа; а ако се признаит официално, оти во Македониiа немат неколку словенцки народности, ами имат само iедна оддел’на, ни бугарцка, ни србцка, и ако се одделит Македониiа во самостоiна архиепископиiа, наiеднаш Турциiа ке се ослободит од набркуаiн’ето во македонцките работи од сите 3 саседни држаи.

Нашите национални интереси диктуваат на македoнцката интелигенциiа и на македонцкиiо народ, да се поможит на Турциiа да излезит од затруднител’ното положеiн’е во коiе iа кладеа религиозните и националните пропаганди во Македониiа и држаите, заинтересуани во ниф. Нам не ни требит присоiединуаiн’е до Бугариiа, ни до Србиiа, ни до Грциiа. Целоста на Турциiа за нас iет по важна, от колку за Русиiа и западна Европа. Турциiа iет страната, шчо се наог’ат во наi арно географично положеiн’е. Турцкото поданство и сочувуаiн’ето на целоста на Турциiа ни даат прао на македонците да се ползуаме низ цела Турциiа со прао граг’анство. А тоа прао можит да ни даит голема материална полза. Ето зашчо македонцката интелигенциiа, ако изучит подробно своiите интереси, то на прво место требит да постаит и за себе и за своiот народ: со сите свои морални сили да сочуат целоста на Турциiа. Во замена на тоа, ниiе