- Да. Црквата требит да бидит имено Едина и Соборна, а не србцка, грцка и бугарцка. Црквата каi нас си изгубила своiата главна цел’а, за тоа македонцката интелегенциiа и народо имаат полно прао да употребат сите своiи сили да лишат црквата во Македониiа от чисто национални цели и да и поврнат тиiа цели, коiи шчо и запоедал неi неiниот Божествен Осноач: да проповедуат евангелието на сите iазици т. е. на сите народи на нивните iазици.
Ако религиозните пропаганди се постараiат да побркаат на здружуаiн’ето на македонцката интелигенциiа и македонцкиiо народ мег’у себе, то прво нешчо, коiе ке се потребат, тоа iет, да се образуат во Македониiа: Едина, Саборна и Апостолцка црква т.е. да се возстаноит Охридската Архиепископиiа, коiа шчо ке бидит „Архиепископиiа всеiа Македониiи".
Религиозните пропаганди можат да имаат нешчо против здружуаiн’ето на македонцката интелигенциiа и народ само по национални соображуаiн’а. Ако iет така, то природно iет, оти, со бараiн’ето црковна реформа, ке; се соiединит и бараiн’е сколиiцка реформа т.е. Архиепископиiата ке земит во свои раце сколиiцката работа, и ке се дообразуат во неiа со народноста на своiата паства: во грцките епархиiи и парохии ке се учит во сколиiата, и ке се служит во црквата на грцки iазик; во влашките - на влашки; во словенцките на македонцки.
Тогаi сите национални и религиозни пропаганди, коiи шчо цепиiа народо на разни групи, неприiател’цки една кон друг’а, ке се отстранат и ке настапит мир за народо, за Македониiа, за Турциiа и за Европа.
И вистина, одваi ли имат нешчо по арно од вакво свршуаiн’е на македонцката криза: за народот то iет арно, оти ке се ослободит и од интригантите од разни народности, и ке се откажит од разни поддувуаiн’а, коiи шчо го одвлекуваат од негоите мирни работи: црквата