Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/32

Оваа страница е потврдена.
22
 

плуатираа со народната совест. Црковните ордени во Франциiа сет ограничени во сколиiцките работи, оти со ниф злоупотребуваат. Шчо iет било на секаде во Европа, можит да бидит и каi нас во Македониiа.

Секоi ке имат прао да исповедуат и мусул’манство и рисiанство во трите главни форми: праославиiе, католичество и протестанство. Религиозните потребности и убедеiн’а сет за сите неприкосноени. Но религиiата никак не требит да бидит средство за престапни политични и национални цели, како шчо iет сега во Македониiа.

Ако разгледаме сега распространените во Македониiа религиозни пропаганди, то тамо ке наiме религиозните пропаганди во поекето случаiи да служат како орадиiе за национали и политически цели.

Протестанството и католичеството во Македониiа имаат само религиозни цели, оти предстаителите на тиiа пропаганди со уважеiн’е се односуат до сите и наiдробни национални особнини на сите македонцки националности. Ето зашчо никоi немат прао да се ополчит против работата на тиiа пропаганди.

Праославиiето, наi старата, наi распространената и основната религиiа на сите македонцки народности, за сожал’уаiн’е, сосим изгубило од видот своiата главна цел’а да сеiит братство мег’у народите, да облагородуат срцата на верните. На место тиiа блатородни задаки праославiето сеiит само раздор и ненавист. Оно iет сега само наi главното средство во раците на разни пропаганди со чиста национали и политични задаки. Праославиiето во Македониiа сега iет до толку искажено, шчо и не можит да бидит реч за една праославна црква, - сега тамо имат 3 цркви, но не православни, а: грцка, бугарцка и србцка. Зашчо тоа да бидит така? Зар црквата не требит да бидит: Едина, Саборна, Вселенцка и Апостолцка?