Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/3

Оваа страница е потврдена.
IV
 

рамнуаiн'е и оценуаiн'е на различно разбраните народни идеали, требит, тиiе да бидат искажани устно или на книга. Искажуаiн'ето на своiето разбираiн'е на народните идеали и критиката на таквиiа не iет праздна работа, зашчо идеалите сет душата на обшчата народна работа и од здравоста на таiа душа зависит и здравоста и плодоитоста на самата обшченародна работа. Лошо разбраните народни идеали само уголемуат народните нестреки без да донесат полза на народот.

Така разбираiки долгот кон таткоината, iас се решиф, прво, да изложам моето разбираiн'е на народните идеали на македонците во iеден ред расудуаiн'а печатени во Петроградцкото Македонцко Словенцко Научно-литературно Другарство „Св. Климент“, а после да и напечатам во таiа книга, каде сет поместени и расудуаiн'а, не прочетени во упоменатото другарство. Со тоа мисл'ам да исполнуам спроти моiте сили, iеден дел од моiот долг кон народот моi и кон таткоината ми.

Мнозина од македонцките читачи ке бидат удивени от поiавуан'ето на таiа книга. За удивуаiн'е ке им бидит во неiа много. Некоiи ке речат: зошто отцепуаiн'е от бугарите, кога ниiе до сега сме се велеле бугари и соединеiн'ето, а не расцепуаiн'ето праит силата? Друзи ке расудуат, оти со полното отцепуаiн'е, от iедна страна, ке восторжествуваат нашите неприiатели, коiи шчо направуат сите своiи сили да ослабат балканцките словени, за да си подготват почва за раздел'уаiн'е на балканцките земiи помег’у ниф, а од друга страна, оти оно ке не натерат нас македонците да се откажеме от нашиiот прв долг, да се бориме за политична слободиiа, да разрушиме се, до сега напраено и да се зафатиме се одноо, така да се речит, од азбука. Треки ке наiдат, оти iас проповедуам некаков надеж на попрауаiн'е на турците спроти нас и на европеiцки реформи во таткоината ни, кога до сега iасно било докажано оти ни Турциiа сакала,