Комитетот можит да се пофалит и со по умерени раководци, но и тиiе мислеа, оти спасеiн’ето на Македониiа iет само во дуовното iединеiн’е па и господствуаiн’е на бугарите во Македониiа.
Можит он да се пофалит и со луг’е, коiи шчо сакаа дуовно да се отдел’ат македонците од бугарите. Но тиiе луг’е или се ограничиiа со издааiн’ето на неколку книжки на македонцки iазик, или пак се ограничиiа со зборуаiн’е македонцки дома, или со своите земiаци.
И така бугарцката боiа на движен’ето iет главната причина на неуспеот. Ако iет така, то шчо се барат од македонцката интелигенциiа, за да се олеснат нестреките за македонците от сегашната нестрек’на авантура?
Првото нешчо, коiе шчо се барат од нас iет: да знаеме нуждите наши и на нашиiо народ.
Не еднаш на митинзите во Софиiа и друзите градишча се имаат приимано резол’уциiи со изложеiн’е на нуждите на македонците. Но тиiе резол’уциiи се имаат приимано во Бугариiа, под влиiаiн’ето на бугарцкото обшчество и от македонцката емиграциiа во Бугариiа. На тиiе митинзи не беше предстаен сиiот македонцко-словенцки народ со негоата интелегенциiа, за тоа резол’уциiите беа и не полни и iеднострани.
Македонцкиiо народ не толку се нуждаат, барем сега за сега, во официален iазик на болшинството, во генерал-губернатор од народноста со болшинство и во слободна преса, колку: во устрануаiн’е или парализуаiн’е деiателноета на националните и религiозни пропаганди; во устранеiн’ето на враждуаiн’ето мег’у приврженците на разните национални и религiозни пропаганди; во устранеiн’ето на тоа недоверiе и обособеност, коiа iет сега мег’у македонцката интелегенциiа, воспитана во разни држаици балканцки и служит на религiозно-националните пропаганди во Македониiа; во официiално