Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/26

Оваа страница е потврдена.
16
 

неiа држаи: Австро-Унгариiа и Бугариiа; она ке бидит од ниф политично и економцки задушена, и ке требит да се подчинит, или на iедната, или на другата. Значит, државните интереси на Србиiа никоi пат не ке допушчат да се образуат бугарцка Македониiа. Немат сомнуаiн'е, оти србцките интереси, како и интересите на Кара-Влашко и Грциiа, си имаат своi покроител'.

Значит, малите балканцки држаи, и ако на вид и да не играат рол'а во решеiн'ето на македонцкото прашаiн'е, коiе како да iет само во раците на големите држаи, во деiствителност имаат наi голем значаi.

Големите држаи заiавуат, оти они немаат непосредствени интереси во Македониiа, а работат само во име на праедноста. Но таiа праедност, како шчо рекофме, се разбират инак од грци, срби, власи, бугари, то и големите држаи, покроител'ки на малите, се iауваат предстаител'ки на своiеобразни праедности. От тука и не можит да се очекуат обшчо работеiн'е во македонцкото прашаiн'е. Задружна работа iет возможна само во наiмали реформи.

Ако iет така, то на кого се надеiафме со востааiн'ето? Не на Русиiа ли? Но Русиiа неколку пати официiално си изми раците пред крвопролиаiн'ето. Ниiе, на место да се л'утиме на руските предстаители: А. Зиновiев, А. А Ростковцки и Машков, по арно ке напраифме, да се позамислиме за руската политика на Балканцки полуостров. Русиiа iет словенцка и праославна држаа. Она ослободи Србиiа и Бугариiа; она поможа на Кара-Влашко, Грциiа и Црна Гора да се ослободат. Она секога iет покроителствуала праославиiето и словенството. Ако iет така, то, шчо можит да напраит за нас Русиiа, кога во Македонцките работи сет забркани неколку словенцки и праославни народи? Можит ли она за атар на Бугариiа да оскрбит друзите балканцки самостоiни праославни држаи, чиiа