бугари; она не можит да допушчит во своiа пакост нарушеiн'ето на териториiалната целост на Турциiа. А Кара-Влашко iет во соiуз со троiниот соiуз, коi шчо ке покроителствуат Кара-Влашките интереси на Балканцкиiот полуостров.
Интересите на Грциiа во Македониiа сет ушче по големи. И ако немат многу грци во Македониiа, пак Грциiа iет не по малку заинтересуана во нашите работи од друзите балканцки држаици. Секоi држаа се мачит, ако не да праит нои завладуаiн'а, политични, економцки и културни, то да сочуат тиiе, што сет напраени од по напред. Грците со своiата цариградска патриiархиiа имаат наложено грцкиiо iазик во сколиiите и црквите на много македонцки краишча, каi шчо немат грци. Природно iет, да ке употребит Грциiа сите дипломатични патишча, за да се задржит во Македониiа на тиiа позициiи, каi шчо се наог'ат от средните векои, особено от времето на турцкото завладуаiн'е на Македониiа, а грцките интереси во Македониiа се бранат, не од iедна Грциiа, а и од големите сили, шчо не сакаат да се усилит словенцкиiот елемент.
Но наi много iет заинтересуана во македонцките работи Србиiа. Она предiавуат етнографцки и историiцки петензиiи на Македониiа. Но осим ниф, имат и политични причини, коiи никоi пат не ке дадат на Србиiа да допушчит, да се решит македонцкото прашаiн'е во полза на iедна од балканцките држаи, особено во полза на Бугариiа. Автономна Македониiа, како пат, по коi шчо ке се доiдит до соiединуаiн'ето на Македониiа со Бугариiа, Србиiа никоi пат не ке допушчит. Уголемуаiн'ето на Бугариiа от присоiединуаiн'ето на Македониiа не можит да бидит допушчено от Србиiа не само за то, шчо со тоа ке се нарушит рамновесiето на Балканцкиiо полуостров, а наi много за то, шчо по негоото извршуаiн'е Србиiа ке се наiдит мег'у две по силни од