Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/23

Оваа страница е потврдена.
13
 

гарите, а не србите, излезоа герои. Исто така, во полза на бугарите, ке се решит и прашаiн'ето за iазикот во градцките и селцки сколиiи. А пошчо во автономна Македониiа ке немат место за пропагандите, то србите ке требит да остапат место на бугарите. Но ке се согласат ли на тоа србите? Они, можит, и би се согласиле да iет тетовцкиiот гоор много близок со бугарцкиiот литературен iазик. Но они знаiат, оти не iет така. Они знаiат, оти во тоiа гоор вистина се имаат особини обшчи со бугарцкиiот iазик, но исто така се имаат и особини обшчи со србцкиiот iазик, па и таквиiа, шчо се немаат, ни во србцкиiот, ни во бугарцкиiот iазици, а сет своiствени само на македонските наречiа. Се питат: ке дозволит ли, и можит ли да дозволит Србиiа во тетовцкиiот гоор да се развиiат на место македонцките и србцки - бугарцки особини, а заiедно со iазикот да се развиiат во тетовцко на место македонцки и србцки - бугарцките интереси? Имат ли она прао да протестуат против бугаризуаiн'ето на тетовцко и да барат зашчита на своiите интереси тамо против бугарцките посегуаiн'а? Имат ли Русиiа морално прао да зашчишчаат нарамно со бугарцките и србцките интереси?

От тука iасно се видит да iет прашаiн'ето за iазико, особено за iазико во областите со словенцко населеiн'е, iедно од наi важните при разрешуаiн'ето на македонцкото прашаiн'е. Да имаше мег'у словените во Македониiа национално и религиозно единство, и да имаше сознааiн'е за ниф во жителството, до сега на полоина ке беше решено Македонцкото прашаiн'е. А до кога, iедни македонци се кажуаат патриархисти, друзи екзархисти; едни бугари, друзи срби, треки грци и бараат покроителство у различни балканцки држаи, даваiк'и им со тоа прао да се бркаат во македонцките работи, до тогаi не можит да се мислит за обшчо востааiн'е; до тогаi ке бидит