Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/2

Оваа страница е потврдена.


ПРЕДГООР.


Секоi чоек, како член на некоiа обшчина или некоiе другарство, имат извесен долг и извесни праа кон и од ниф. Народот не iет нишчо друго, осим едно големо другарство, основано на крвно сродство, на обшч произлез, на обчши интереси. Паметуан'то на тоа родство, тоiа произлез и тиiе интереси, заставуат секоi член од некоi народ, да се одречит од некоiи своiи праа и интереси, за да посветит част од своите сили на обшчата арнотиiа. Тоа iет долгот кон народните интереси, за што членот од народноста добиiат зашчита на своiте лични интереси тамо, каде не сет доста само негоiте сили. Долгот кон народот iет тесно врдзан со долгот кон таткоината, зашто пон'атiето народ iет тесно врдзано со пон'атiето таткоина. Долгот кон народот и таткоината зависит од приликите историiцки, коiи преживуат iеден народ и iедна страна. Тоi се применуат кон приликите. Долгот кон таткоината и народот, до негоото осашчествуаiн'е, се велит народен идеал и кон негоото осашчествуаiн'е требит да се стремит секоi свесен чоек. Народниiот идеал се применуат кон историiцките прилики и тоа, шчо денеска било народен идеал, утре по негоото осашчествуаiн'е ке отстапит место на друг, за коi по напред мало се мислило. Често пак од iеден народ историiцките прилики требаат или корени изменуаiн'е на народните идеали, коренен обрат на идеалите во друг праец, или угрожаваат нему со полно унишчожааiн'е. Народните идеали или долгот кон таткоината, се разбираат од разни членои на народот различно. Коi наi верно iет разбрал истинцкиiо и наi праиiот народен идеал, се видит со порамнуан'ето на разбираiн'ето на народниот идеал од разни лица. За да можит да бидит по-