Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/18

Оваа страница е потврдена.
8
 

Покоiниiо А. А. Ростковцки не iеднаш кажуаше: „Бугарите мисл'ат, оти само они имаат ум на светов, а сите друзи сет будали. Кого мисл'ат они да излажат со статиiите во „Право" и друзите ноини, оти македонците сакаат Македониiа за македонците? Знаеме ниiе многу арну, шчо сакаат они"! А какво впечатлеiне праеа на дипломатцкиiо свет ноинарцките уверуаiн'а на комитето и бугарите за македонцкото движеiн'е? Не требит да се забораат и то, како се изражуваа во европеiцките ноини за стражеiн'ата на четите со турците: четите се викаа банди и то бугарцки а не македонцки. За убитите четници не кажуваа: „убити сет толку души македонци, ами толку души бугари".

Се прашат кого убедиiа: „Mouvement Macedonien", „Право", „Автономиiа" и др. во тоа, оти ратуваат за слободиiа македонците, а не тиiе, шчо се викаат „бугари" и сет от Македониiа и Бугариiа? - Никого.

Можит да бидит, комитето успе во самата Македониiа да се чинит обшче македонцки, само не доби признааiн'е од надвор, во Европа? - Одваi ли.

Револ'уциiата требит да бидит работа на сите македонци, или на болшинството од ниф, за да можит да се наречит обшча. Во самиiо комитет требит да бидат застапени сите, или неколко народности. Интелегенциiата на тиiе народности требит да си подадит iедна другиму рака и секоа од ниф да земит да попул'аризират идеiата во своiо народ. А шчо видиме во деiствителност? Не само интелегенциiата на сите народности, не и на болшинството од ниф, ами па и интелегенциiата на наi силната македонцка народност - словените, не сета беше застапена во комитето: србоманствуiук'ата и гркоманствуiук'ата македонцка словенцка интелигенциiа беше на страна от комитетот па и враждебна. Значит комитетот во патриархиските села и градои, и части од села и градои, беше не канет гост. Патриархистите сло-