Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/16

Оваа страница е потврдена.
6
 

коiи шчо кажуваат, оти тоа стредно iет iеднакво далеко и от србите и од бугарите; 2, оти оно iет по блиско до србите; 3, оти iет по блиско до бугарите; 4, оти част iет по блиска до србите, част - до бугарите. Не iет важно за дипломатите, каде iет истината. Важен iет факто, оти во Македонцкото прашаiн'е сет заинтересуани етнографцки, редом со бугарите и грците, ушче и србите. Осем тоа и политично Србиiа iет не по малку заинтересуана во судбите на Македониiа. Последната за Србиiа имат по големо значеiн'е, от колку за Бугариiа, оти Бугариiа можит да излезит на Егеiцкото море и преко Кавала и Деде-Агач.

Ако iет така зар можеме да се чудиме на поведеiн'ето на руското праителство во македонското прашаiн'е и на неговото заiавуаiн'е, оти Русиiа не ке помагат на комитето да се создадит „Бугарцка Македониiа"?

Некоi од нас, можит наивно ке забележит: „Комитетот не сакат да напраит Македониiа бугарцка; тоi сакат праина за сите македонци без разлика на вера и народност".

Како можит комитетот да докажит, оти он работит во таква смисл'а? Со iедни зборои не се докажуат. Поведеiн'ето на самиiо комитет зборуат против негоите утврдуаiн'а.

За да се дигнит револ'уциiа во полза на сите народности во Македониiа, требит комитетот да бидит образуан от предстаители на сите македонцки народности. Инак коi му iет дал прао на комитетот да работит од името на сите македонци и во полза на сите ниф?

Комитетот можеше да работит и од името и во полза на iедна громадна част на македонци, т.е. од наi силната народност. Но требаше да имат цел ред докажуачки, оти работата на комитетот не iет врзана со интересите на соседните држаи и народности, а