Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/150

Оваа страница е прегледана, но треба да биде потврдена.
140
 

сите на балканцките држаици и нивното место ке го застапат создадените со iазикот македонцки интереси.

И така, користа, шчо ке ни iа даит нашиiот обшч литературен iазик, ни служит за мерило при избираiн'е наречиiа за таiа цел'а, и она iет главниiот фактор при создааiн'ето на нашиiот нов литературен iазик. При возвишааiн'ето на iедно наречиiе на степен на литературен iазик, никога немаат играно важна рол'а негоите естетични своiства. Тоа iет iедно, зашчо практичните сообразуаiн'а зимаат врф над естетичните, а друго, зашчо последните сет односител'ни и поеке субiективни. По таiа причина, по убаи се чинат на чоека готоо само тиiе наречиiа и гоори, шчо и слушат он или и имат слушано по често. За тоа и не можит да се зборит за естетичност во iазикот, диалектите и гоорите.

Значит, iеден македонец од источна, или северна, или iужна, или западна Македониiа немат прао да се противит да бидит избрано централното македонцко наречиiе за литературен iазик само зато, шчо не им се чинело убао. Немаат прао они да протестираат против централното наречиiе и за тоа шчо iет оно централно као и зашчо изборот се праит по практични соображеiн'а.

Сега да видиме, али избираiн'ето на централното наречиiе за литературен iазик се оправдаат от практично гледишче?

Битол'а се избират за резиденциiа на Генералниiот Инспектор за Македониiа и негоите советници - цивилни агенти. Она се обрак'ат во престолнина за Македониiа. Таiа ноа престолнина не iет далеку от старите: Преспа и Прилеп, и од седалишчето на до неодамна автокефалниiот Оридцки Архиепископ. Значит, централното наречiие имат зад себе, така да се речит, историiцки праа. Последните се основаат и на негоото централно положениiе, коiе iет,