Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/15

Оваа страница е потврдена.
5
 

Разбраа ли во Бугариiа, шчо означуваат тиiе зборои? Разбраа ли во Македониiа? Разбрафме наi напoкон ниiе?

Русиiа отворено ни изкажуат, зашчо она не работит и не можит да работит инак. Да ли iет праа Русиiа во своите утврдуаiн'а? Да ли можит она да постапит инак?

Ако се постаифме во положеiн'ето на руското праителство, и ниiе не ке можефме да постапиме инак.

До 1878 год. сите, па и руското праителство, велеа, оти Македонците сет бугари. После Берлинцкиiо догоор истапиiа со своите претенциiи на Македониiа србите. Праи ле сет они, или не, не iет важно за дипломатите. Србите во течеiн'е на 25 години, особено последните 20 години успеа, ако не да напраат македонците срби, то барем да создадат во европеiцкото обшчествено мнеiн'е убедеiн'е, оти во Македониiа имат и срби. Ако селцкото населеiн'е и сега си зборуат, како шчо си зборуало и по прег'е, и зборуат одред низ цела Македониiа само на iеден словенцки iазик, - во градоите, редом со бугарцките машки и женцки гимназиiи и основни сколиiи, на секаде ке наiме и србцки. Iедни села имаат србцки, друзи бугарцки сколиiи. Едни сел'ани со нивните учители и попои признаваат патриархiата и сет под покроителството на србцки или грцки консули, а друзи признаваат бугарцкиiо екзарх и слушаат бугарцкиiо трговцки агент. Се тоа сет факти за дипломатиiата, коiа шчо имат да се броiит со деiствителноста, а не со теориiата за народноста на македонците. Политиката немат работа со науката. Па и да имат работа, зар iет докажано, како два и два 4, оти сет македонците бугари? До руско-турцката воiна имаше само iедна теориiа за народноста ни. Сега сет две. Кон ниф се прибауат и трек'а, оти македонците сет нешчо стредно мег'у србите и бугарите. Привржениците на таiа теориiа пак се подраздел'уат: 1, на