да си и потчинат под себе, зимаiки, со таiа цел'а религиозното и сколиiцко работеiн'е каi нас, во своiи раци преко црквата и сколиiата за да нанесат смртен удар на нашата народност, ни налагаат на нас нивниiот, наместо нашиiот iазик. Народните интереси ни налагаат за да ѝ зашчитиме ниф, да браниме нашиiот iазик од пропагандите. Тоа бранеiн'е ке бидит успешно и ке размрсит сите планои на пропагандите, ако бидит задружно и обшчо. А за да бидит такво, требит со обшчо согласиiе да се изберит iедно наречиiе за обшч македонцки литературен iазик. Согласиiе ке имат, ми се чинит, само ако секоi од нас праит избор не по некакви естетични сообразуаiн'а и не по чисто местни причини, а од гледишче на обшчите интереси. Последните пак налагаат: перифериiцките наречиiа, да отстапат место на централното. Како шчо во iедна држаа се имат држаен центр, коi шчо наi арно iет да се нааг'ат во стредината на држаата и кон коi шчо се собираат сите конци од државниiот жиот, исто така и во iазиковните или области от сродни наречиiа требит да се имат iеден центр, коi шчо по значеiн'ето негоо требит да се односуат кон перифериiцките наречиiа и гоори, као шчо се односуат центрот и столицата на држаата кон краiните окрази и околиiи. Около централното наречиiе требит да се групираат сите наши научни и литературни сили, за да го очистат и обогатат со сокроишча од друзите македонцки наречиiа и да создадат од него iеден убав литературен iазик. На него требит да се создадит iедна богата сколиiцка, научна и убаа литература, за да можит преко ниф да се раширит низ цела Македониiа во вид на литературен iазик, коi шчо ке изместит од неiа пропагандцките iазици. А заiедно со изместуаiн'ето на пропагандцките iазици и со создааiн'ето наш литературен iазик, се изместуваат од Македониiа и интере-
Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/149
Оваа страница е прегледана, но треба да биде потврдена.
139