Опасноста, коiа угрожаат на нашиiот народ и негоите интереси от страна на пропагандите, коiи шчо употребуваат сите и дозволени и недозволени средства, за да исчистат од Македониiа нашиiот iазик и со него нашите дуовни интереси и да насадат на нивно место нивните iазици со нивни интереси, не само не задолжуат нас, но и ни даат полно прао да употребиме сите и дозволени и недозволени стредства, за да сочуаме нашиiот народен iазик, и со него нашите народни интереси. При тоа ниiе не сакаме туг'о, а си браниме своiето.
Iазикот iет акустичен резултат од физиолошко работеiн'е на органите на чоечката реча, на коi шчо му се приписуат извесно значеiн'е. Главните елементи на iазикот или чоечката реча сет: органите на речата, нивното физиолошко работеiн'е, слуот, псиолошкото восприiимаiн'е на физиолошкото работеiн'е на органите преко слуот, и присоiединуаiн'ето кон восприiиманиiот резултат на физиолошкото раiботеiн'е на органите на речата или гласот, или зборот, некоiе значеiн'е. Значит, iазикот главно iет физиолошко-психолошка способност на чоека, и као таква зависит от се тоа, шчо праит да се менит чоек, т.е. со развиiаiн'ето на iеден чоек и iеден народ се развиiат и негоиiот iазик, со нивното опаг'аiн'е опаг'ат и нивниiот iазик. Чоек се менит во време и пространство: исто така се менит и негоиiот iазик. Променеiн'ата во iазикот на iеден народ во време состауваат историiата на iазикот на тоi народ, а променеiн'ата негои во пространство составуваат негоите современи вариациiи или диiалекти, поддиiалекти, гоори, подгоори и пр.
Секоi народен iазик имат своiа историiа и своiи современи вариации или диiалекти, поддиiалекти и пр. Своiа историiа и вариации имат и нашиiот iазик. По таiа историiа можит да се изучит, како сегашните вариации се добиiа от по стари и последните од iеден