ционерите се бореа, имат смисл'а само во тоi случаi, ако револуционерите согледуваа во нашиiот народ таквиiа качества и особини, коiи се немаат у друзите балканцки народи, а сет само наша характерна црта. Само согледуаiн'ето на тиiе своiеобразни црти во характерот, нравите, обичаiите, жиотот, предаiн'ата и iазикот на нашиiот народ iет важна причина да сме ниiе против делеiн'ето на нашата таткоина и за неiната автономиiа, зашчо дележот ке ни искоренит се шчо ни iет мило и ке ни наврзит много противно нешчо на нашиiот народен дух. Само оддел'ното македонцко национално самосознааiн'е каi нас ни даат морално прао, да се бориме против бараiн'ето на малите балканцки држаи, да се разделит нашата таткоина, и да се бориме против пропагандите, шчо готват почва за дележ. А ако не можит да се добиiет автономиiа, требит ли ниiе равнодушно да гледаме на работаiн'ето на пропагандите и да се бориме со iедно ноо течеiн'е, шчо iет напраено само против ниф, за тоа само, шчо тоа течеiн'е ке ослабело наi силната пропаганда? Никак не, зашчо ни iедна пропаганда, колку и да iет она силна, не можит да ни даит тоа, шчо очекуаме ниiе од неiа. Сите пропаганди сет пропаганди само на своiи, но никак не и на наши интереси, и од ниф никогаш немало нишчо особено за народот. Спасеiн'ето от пропагандите никоi пат не ке ни доiдит, зашчо, ако iет денеска iедна по силна, утре к'е се чинит и другата таква, а првата ке ослабнит. Пропагандите само наi после можат да достигнат краiната своiа цел'а - дележот, коiе не го сакаат и тиiе, шчо сет против националниiот сепаратизм. Значит, последниiот не iет неуместен во сегашните прилики, и можит да ни даит само арни плодои, но не и да ни напакостит.
Iедно си имат местото националниiот сепаратизм, то требит да се проiавит он во милоста кон се шчо