Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/143

Оваа страница е прегледана, но треба да биде потврдена.
133
 

На тоа iас можам да одгоорам само ово: по моiето мислеiн'е, сегашните, т.е. мiурштегцките реформи сет максимум, шчо можа да ископчит од Европа револуциiата. Револуциiата на пролет ке бидит наi глупаото, шчо можиме ниiе да напраиме. Со револуциiата на пролет ке се користат само нашите неприiатели, коiи си имаат само есапи, противни на нашите национални интереси. Револуциiата на пролет само ке ни унишчит совршено нас и ке унишчит плодоите, добиiени од неiа до сега, оти она ке бидит напраена не против Турцко, а против него и Реформаторцките Сили, и оти тоа ке бидит не по наши есапи, а по есапите на некоiа Голема Сила и некоiи мали балканцки држаiи, коiи ке не натераат нас да се дигниме, а после ке не остаат на стред пат; наi после, оти ниiе, ако против сите аргументи на здравиiот смисл пак подигниме востааiн'е, ке бидиме само осноа на дипломатцка борба мег'у реформаторцките држаи и некоiа трек'а, коiа борба ке се свршит само нашето понишчуаiн'е. За тоа ниiе, требит, да се откажиме от секоiа мисл'а за револуциiа на пролет, ушче поеке, шчо реформите ке се воведат, зашчо со ниф iет врзана честта на две Големи Сили, коiи сет во стаiн'е да постаат сé на своiето, - и да се зафатиме за ноа т.е. културна борба, во коiа прво место ке требит да зимат прашаiн'ето за нашата народност и нашето национално-религиозно развиiаiн'е. Значит, истом сега му iет времето да се мислит за iазико наш, нашата национална литература и воспитааiн'е во национален дух. Сега настапуат време за интерес со национално-религиозни прашаiн'а.

Тоi интерес малу iет задоцнел, но от тоа ушче не следуат, да он си немат сега место мег'у нас и да можит да ни напакостит.

Ако сме логични, то требит да признаiиме, оти автономиiата на Македониiа, за коiа до сега револу-