Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/140

Оваа страница е прегледана, но треба да биде потврдена.
130
 

нивните жители. Така Македониiа во денешниiот неiн вид до образуаiн'ето на бугарцката држаа, беше iедна полусамостоiна византиiцка област. После она цела, потпадна под Бугариiа. Кога последната падна под Византиiа, Македониiа беше слободна држаа на време и со успеф се бореше против Византиiа и имаше под себе цела денешна Србиiа. После, Македониiа потпадна под Византиiа и во течеiн'е на неколку века во разни неiни делои се дигаа востааiн'а против покорител'ката. Кога се ослободи Бугариiа и се усили држаата на Неманичите, во коiа влезе прегешниiот дел од Македониiа, т. е. денешна Србиiа, она, т. е. Македониiа во денешната неiна големина, ушче остааше византиiцка земiа, каi шчо продолжаваа да се дигаат востааiн'а против Византиiа, за коiи се бараше соiуз и покроител'ство от саседните држаи. После, цела Македониiа влезе во држаата на Неманичите. Во неiа она као да iет била привилигироана и самостоiна во натрешната политика. При крал' Волкашин, Македониiа пак као да се оддел'уат од друзите делои на Неманичеата држаа и као да се состредоточуат около него. Во царуаiн'ето на Крали Марко, она сосем се оддел'уат од србцките земiи и се постаат во особен однос кон турцко-србцките односи и воiни. Во турцко време, она iет на истите осноаiн'а под турцкото владичество. После Берлинцкиiот догоор она iет сама од сите друзи iужнословенцки земiи под Турцко и веке живит таков оддел'ен жиот поеке од 25 години.

Во тоi згорен поглед на историiцките собитиiа н'а Македониiа, се видит, оти горе-долу у сите македонцки котлоини iет iедна и иста историiцка судба, горе-долу сите нивни жители имаат особен, одделен историiцки жиот, не ретко самостоiен или пак, закл'учуат во себе обшча борба за политична слободиiа. Ако се приiимит на вид, оти таiа обшча историiцка судба, тиiе обшчи политични борби