Србите можат да затрубат, да сет македонците срби, iедно не сет бугари, зашчо така се викале до турцкото доiдуаiн'е на Балкан. полуостров. Исто така, можит, некоiи срби во моiите расудуаiн'а за непостоiанството на народното име каi нас, ке наiдат потврдуаiн'е на мислите на проф. Милованович, коi шчо докажуал во „Дело" да требит Македониiа да се поделит мег'у балканцките држаици, зашчо не предстауала нито географцка, ни етнографцка, ни историiцка целина.
За првото ево шчо можит да се речит: македонците, сите заiедно се викале срби не поеке од педесет години, а во некоiи, и то северните делои, нека сто и сто и педесет, но не и поеке години. Името србин тогаi iет им'ало поеке државна смисл'а и по малу етнографцка. До тогаi и во турцко време го немало каi нас. И ако iет така, то не iет ли шовинистична заслепеност да ни се наврзуат сега нам на сите македонци, па и само на северните наши сонародници, наместо бугарцкото име?
За тврдеiн'ето на, проф. Милованович, да Македониiа не состауала и не состауат географцка, етнографцка и историiцка целина, за коiе, можит, некоiи ке наiдат потврдуаiн'е во моiите расудуаiн'а за изменеiн'ето на националното име каi нас, осем тоа, шчо iет речено, кога одеше зборот за прашаiн'ето, али имат во Македониiа две словенцки народности, ке речам ушче следното:
И ако iет Македониiа состаена од неколку котлоини, разграничени со високи гори, пак она во днешниiот неiн вид имат живеiано оддел'но од Бугариiа и Србиiа, или самостоiен жиот, или под друзи држаи. Тоа iет iасна докажуачка, оти неiната стрек'а не iет зависела само от Србиiа и Бугариiа, и оти високите планини шчо заобикол'уваат македонцките котлоини, ушче не сет таква опасност за заiеднични политичен жиот у