Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/138

Оваа страница е прегледана, но треба да биде потврдена.
128
 

Исто така, се запознафме со произлезот на името бугарин во вид на етнографцки термин во Македониiа.

Со друзи зборои, ниiе се запознафме до сега со тоа, да состаула, состауат и да можит Македониiа да состауат от себе оддел'на етнографцка iединица.

Сега ни остаат да видиме, али она состауала, состауат и можит да состауат таква iединица во политичен однос?

Во одгоорот на тиiа прашаiн'а, ке требит да се продолжат расудуаiн'ата за народноста на македонците от тамо, каi шчо ѝ остаифме.

Ниiе видофме, оти во Македониiа, името бугарин iет последната метаморфоза во развиiаiн'ето на нашето национално самосознааiн'е и да iет резултат на тоа политично и обшчествено положеiн'е во коiе бефме постаени од завоiуаiн'ето на Балканцкиiо полуостров от турците. На осноа на се тоа, шчо рекоф iас за историiата на националните имиiн'а коiи имаат сменуано iедно друго, као и за причините на тиiа сменуаiн'а, ке возникнат много злоупотреби. Можит, мнозина ке ме осудат, као србофил. Можит, самите срби на него ке основаат своiите шовинистични претенциiи на Македониiа. Можит наi после, ке експлуатираат србите сето речено за изменуаiн'ето на националното ни име, за да докажат, да македонците никога немале национално самосознааiн'е и не играле никаква' самостоiна историiцка рол'а, а 'сет влизаме само, као суров материiал во државниiот организм на бугарцката или србцката држаа.

Мег'у другото такви недоразбериiи можат да се очекуваат, как от тоа, шчо iас категорично осудиф бугарцката политика во македонцкото прашаiн'е, от коiе можат да помисл'ат да сум iас бугарофоб и србофил, исто така и од експлуататорцката тактика на балканцките словени во македонцкото питаiн'е.