кн'аз и на нивната таткоина и нивниiот народ. Време iет да се раскриiет таiа фал'ш, за да се престанит да се експлуатират со неiа.
⁂
Од до тука реченото се видит: прво, оти, ако по нашите сегашни етнографцки пон'атиiа на Балканцкиiо полуостров, особено на централниiо и iугоисточен негов дел, т. е. во денешна Србиiа, Бугариiа, Тракиiа и Македониiа имало и имат само две словенцки етнографцки iединици: србцки и бугарцки народ, то тоа ушче не значит да немат, немало и не можит да бидит друга словенцка iединица, а напротив, оти неiното сашчествуаiн'е iет во пределите на возможното и на деiствител'носта; второ, да во Македониiа немат две iужно-словенцки народности: србцка и бугарцка, а напротив, да во неiа имат само iедна народност со своiи особини, коiи, или претстауваат нешчо оригинално, коiе се немат, ни каi србите, ни каi бугарите, као шчо iет, да речиме, со много особини на македонцките наречиiа, или нешчо коiе се имат, и каi бугарите, и каi србите, или коiе се имат само каi македонците по краишчата на нивната таткоина и каi србите, или пак по ниф и каi бугарите; и да от тиiе особини на македонците, као дел от словенцката група народи, наi многоброiни, наi распространени, обшчи за сите македонци, значит, и наi важни сет тиiе особини, со коiи македонците се одличаваат од друзите словенцки народи: по ниф македонците фактически состауваат оддел'на и самобитна словенцка народност, и ако за неа не се гоорит денеска во науката и во катаденниiот разговор; трек'о, причина на тоа игнорираiн'е и затемнуаiн'е на сашчествуаiн'ето на македонцката народност да се криiет во сашчествуаiн'ето во Македониiа името „бугари" во етнографцки значаi и во експлуатираiн'ето со него от страна на бугарите.