Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/134

Оваа страница е прегледана, но треба да биде потврдена.
124
 

зите саседни со ниф народности, т. е. од турците и грците, па и власите. Првите не трпеа името срби заради србцкиiот отпор при завоеваiн'ето на Балканцкиiот полуостров. Во Турциiа до руско турцките воiни збороите „срб г'аур" требит да означауле тоа, шчо означаваат сега збороите „москов г'аур". Се разбират, оти рисiаните не само сами не се велеле срби, но им било неприiатао да се вел'ат и од друзи така. Така не велеа и грците, зашчо последните не видеа големи от србите. Па и немало зашчо: името србин погости во Македониiа, као политичен термин само малу време. Оно се и забораи скоро без чуздо приiатно потсетуаiн'е за него. От турцко гледишче и не прао iет да се вел'ат македонците сите поглавно „срб-г'аури", зашчо они се предадоа на турците. А ако се испразднит од Македониiа името србин, то ке останит за македонците само името бугарин, коiе беше политичен и етнографцки термин ушче до турцкото завоеваiн'е. Тоi термин не беше лош от турцко гледишче, а од грцкото, беше много удобен, зашчо со него наi убао можеше да бидит искажано презрез'н'ето и ненависта на грците кон' нас. Ето зашчо ниiе мег'у другото се признафме за бугари т. е. тврдоглавци.

Значит, нас со бугарите не врзуаше iедно обшчо име, iеднаков однос кон нас от страна на грци и турци, iеднаква жежда за слободен от фанариоти и турци жиот. Таiа обшчност не побуди заiедно да се бориме со обшчите неприiатели. Но таiа обшчност не iет нешчо, коiе почиват на некакви обшчи воспоминаiн'а и обшчи историiцки задаки, коiи да се сознаваат и да се, имаат сознаiано од нас и од бугарите iеднакво. Нашата обшчност iет проста случаiност.

До краiот на првата 14 на XIX столетиiе се ослободиiа от Турциiа сите балканцки земiи, осем Бугариiа, Тракиiа, Македониiа, Босна и Ерцегоина. Првите три