Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/133

Оваа страница е прегледана, но треба да биде потврдена.
123
 

а не и достоинства на бугарите, затоа се сопроводуаше со зборот тврдоглав или „хондрокефалос".

И така доiдофме до националното наше име, шчо го имаат носено нашите татковци, дедовци и наi блиски предедовци. Но видофме, оти онде имаме работа, не со iедно, ами со цели 4 имиiн'а, коiи означуваат да немало до пред неколку години точно определеко народно самосознаiн'е. Името бугарин, како се видит, до полоината на XIX век немало за нашите предедовци по големо значеiн'е од имиiн'ата: рисiанин, раiатин и каурин. До тогаi ниiе знаiефме да имат и да имало каурцки, раiатцки, и рисiанцки земiи и држаи. Но ниiе се броiефме за каури, рисiани и раiати и паметиме да сме имале наша каурцка и раiатцка царшчина, но сме iе изгубиле на Косоо поле, кога се е расрдил Господ на нашите предедовци. Тамо, т. е. на Косоо поле рекол Господ да си загубиме царшчината за наказаiн'е за тоа, шчо не сме чуале верата чиста. Тамо нашите каурцки царои извадиле голема воiска да се биiат со турчинот, но како рекол Господ да загубиме царшчината, от сите парчиiн'а, на коiи бивале раздробени турците, никнале нои турци. Кога го виделе тоа цароите, рекле, оти Господ сакат да загубат царшчината каурите, и да се потчинат на турчинот. Така турците ни го презеле царството. На Косоо паднале дваiца царои.

После таквоа „iасно" предстауаiн'е у народот македонцки за негоата „бугарцка" народност, можит ли да бидит збор за бугарцко национално самосознааiн'е у македонците?

Ако iет така, ке возразит бугарцката партиiа од македонци, то шчо означаат црковното прашаiн'е, во коiе бугари и македонци одеа рамо за рамо, и последните се велеа и работеа со името бугари?

Ево шчо означаат: македонците беа крстени со национални имиiн'а, со коiи они се разликуваат од дру-