името „каурин" и „раiатин", и „земiа каурцка" или „земiа раiатцка" во етнографцко значеiн'е.
Значит турците од нас напраиiа народ „каурцки" и „раiатцки", термини осноани на нашата принизеност пред турците, на религиозната разлика мег'у нас и ниф и на обшчественото наше положеiн'е
Но осем турците, по изгубуаiн'ето на нашата слободиiа, наши „воспитачи" и господари станаа грците.
Ниiе видофме во грците дуовни господари и верцки началници. Ниiе бефме и кон ниф, исто така принизени, као и кон турците. Грците со црквата не експлоатираа нас и сакаа да извршат под турцкото владичество тоа, шчо не можаа до него. За да не претопат нас, они избегуваа да не вел'ат со народното име. Они ни кажуваа, да сме биле ниiе рисiани, и ниiе тврдефме: абре брате, рисiани сме, ами шчо сме! Кога ке се расрдеа на нас, и ке не наречеа тврдоглаи бугари, ниiе пак ке речефме: е пак така си iет: вистина рисiани сме, ама не сме образуани, као грците! Нашите глаи не разбираат; ниiе сме бугари. Со iеден збор во турцко време ниiе потврдуафме и се согласуафме со се, шчо ке ни кажеа турците и грците. Но турците со тоа, шчо не нарекоа нас: раiати и г'аури, гледаа на нас као на л'уг'е, не од известна народност, а шчо сет во известен однос кон ниф, господарите и праоверните. Во истата смисл'а употребуафме и ниiе, односуаiки кон себе, тиiе имиiн'а. Значит турците во нивната држаа не признаваа народности. Исто така не знаiефме за ниф и ниiе. Грците исто така не разликуваа словенцките народности и сите словени, особено тоi дел од ниф, шчо им причини наi големи неприiатности и се наог'аше во турцко време под нивната опека, они го презираа и го велеа со презреното за ниф име „бугари". Но тоа име искажуаше презреiн'ето на грците,