Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/131

Оваа страница е прегледана, но треба да биде потврдена.
121
 

зар. Последниiот истапи као противник на турците со името србин и со тоа турците врзаа со пон'атиiето србин и Србиiа денешното крал'ство и негоите жители. Марко и негоите подаiници во очите на турците не можеа да бидат срби, зашчо не се противиiа и не покажаа таква воинственост против ниф, каква покажаа кнез Лазар и негоите поданици.

И така до идеiн'ето на турците каi нас ниiе три пати бефме прекрстени: 1, славени, 2, бугари, 3, срби.

Но со тоа не се сврши се. Доiдоа турците: се зафати борба мег'у рисiанството и мусул'манството, борба мег'у крст и полумесец. Но со тоа не се пресече борбата мег'у словенството и грцизмот. Турцкото господство на Балканцкиiо полуостров беше историiцки период, кога потчинените мисл'ат да сочуваат нивното историiцко наследiе. Се разбират, оти се сочува само, шчо можеше да се сочуат и шчо не сакаа да ни го земат, зашчо не им беше нужно, и не беше опасно за ниф. Турците ни зедоа земiата и си iа разделиiа мег'у ниф. Ниiе се примирифме со таiа загуба. Зафатиiа да ни земаат деца наши, да потурчуваат и да праат од ниф iаничари. И тука молчефме. Турците видоа зор до кога iа покорат Србиiа и името србин означуало за ниф разбоiник. Ниiе свифме глаа и не се велефме срби, да не го расрдиме агата. Он не сакал да се велиме и бугари; и бугари не се велефме. Турчинот ке ни доiдеше во кук'ата, ке се наiадеше, ке се напиiеше и ке ни речеше: бре г'аур! аi донеси ми тоа и тоа! — ке му одгоорифме, сега беим! Ако не питаше некоi турчин, шчо сме? — ке му одгоорифме да сме или „каури" т. е. неверници, или „раiа на царот". Со друзи зборои ниiе пред турците се кажуафме така, како да не се расрдит агата. Пред турците ниiе сме „каури" и „раiа", и „каури" зафатифме да се велиме и мег'у нас. Во народните песни не iеднаш се употребуат