Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/130

Оваа страница е прегледана, но треба да биде потврдена.
120
 

нешчо, доста iет да прегледат историiата на Немаiничиата држаа од времето на цар Душана до смртта на Волкашина, особено периодот на распадаiн'ето на Душаноата империiа. Од овде ке се убедит чоек оти центрот и наi големата рол'а во таiа империiа принадлежеше на Македониiа. От секаде от перифериiата на Душаноата империiа по негоата смрт отпаг'аат областите iедна по iедна. Македониiа крепит Урошеиiот престол и македонцкиiот големец крал' Волкашин iет главниiот советник и десна рака на Уроша. Сите го мрзат Волкашина за негоага рол' и влиiаiн'е на Уроша, но царот му веруат, македонцките големци: 70 кралеи и банои, по народните песни, му веруваат и му даат 70,000 воiска, со ниф да умрит на Марица за царот и „србцкото име".

70,000 души воiска от 70 кралеи и банои! Како се велеше таiа воiска? Чиiе име носеше и коi му гу кладе? Сите се велеа „срби", но во ниф имаше толку срби, колку во воiската на цар Симеона имаше Бугари — монголи; па ми се чинит да ѝ имаше и по малу. Значит во XIV век македонците официално носеа името срби, коiе немаше зашчо да го презираат и да се срдат на него.. Во тоа име они не наог'аа нишчо лошо.

Србите беа главната воена сила против византиiците. Нашите предедовци беа нивни соiузници. Византнiците велеа сите своiи противници, т. е., и србите, и нас срби. Малу по малу они не прекрстиiа од бугари на срби. Истото се поддржа од признаiн'ето суверенитетот на Душана во Македониiа и од рол'ата на нашите големци во негоата држаа. Ниiе станафме за надворешниiот свет срби, после истапифме како србцки подаiници и наi после зафати името србин да, означуат македонец, не грк, не влаф и не арнаутин.

Іедно нешчо не сочува србцкото име во Македониiа; тоа iет караi'н'ето мег'у крал' Марко и кнез Ла-