за да не пропушк'аат ноа византиiцка воiска. А во Македониiа работите сет сосем инакви. Тука немат таков зид, коi шчо да бранит востаачите, као Балканите во Бугариiа. Тука имаме многу високи планини, коiи имаат разен праец и образуваат котловини, одделени една од друга. Планините затруднуваат соiединеi'н'ето на сите македонци за обшча борба со неприiател'от, а пак олеснуваат работата на византиiците, зашчо, со разместуаiн'е во ниф гарнизони, они можат да држат македонците во послушаiн'е. Осем тоа на Византиiа поможуваа да држит македонците во послушаiн'е и шосетата или друмишчата, шчо сет напраени за воени требности ушче од римiаните и iа пресечуваат Македониiа од исток на запад, т. е. од Белото море кон Сиiн'ото и од iуг кон север краi Вардар, т. е. од Белото море кон Дунаот. При ваквиiа географцки прилики, iасно iет, оти македонците не можаа да се ослободат од Византиiа и готои беа да бидат соiузници на секоi неприiател', шчо ке воiуат со Византиiа. Таков соiузник до Х век беа бугарите, а от XIII в. беа србите.
Македонците станаа соiузници на србите, и со тоа се ослободиiа од византиiците. Они се присоiединиiа кон Србиiа, но тоа присоiединуаiн'е не беше насил'ническо, а на осноа на догоор мег'у македонците големци и србцките кралеи. Тоа беше резултат на iеден компромис мег'у првите и вторите, компромис згоден и за iедните и за друзите. Македониiа под србцките кралеи, особено под Душана имаше полна самостоiност во натрешните работи, и то таква, со каква не се ползуаше ни iеден друг дел од големата империiа на Душана. Тоа се видит от титулите, шчо и носеа македонцките големци и од влиiаiн'ето нивно на имперцките работи. Тоа се видит и од големата приврзаност на македонците кон царцкиот трон. За да се убедит чоек во тоа