Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/128

Оваа страница е прегледана, но треба да биде потврдена.
118
 

Во втората полоина на XII век, во времето на србцкиiот жупан Немаiн'а и бугарцките царои Асеновци или Асановци, Византиiа беше нападната от крстоносците и разни друзи неприiатели. Тогаi бугарите се приготвиiа да востанат и закл'учиiа догоор со србите против Византиiа. Последната беше обшч неприiател' нивен и двата народа решиiа да удрат на неiа, и секоi да земит, коi шчо ке можит да откачит. Во Византиiа немаше бугарцки и србцки земiи, као шчо немаше и некакво национално самознааiн'е у iужните словени. На основание тоi догоор бугарите нападнаа на источниiот дел на Балканцкиiот полуостров т. е. на Тракиiа, а србите на западниiот т. е. сегашна Србиiа, Западна Бугариiа и Македониiа и малу по малу си ѝ разделиiа мег'у ниф, Во течеiн'е на два векои србцките кралеи присоiединуваа кон своiата држаа византиiцки земiи. Но они секога се велеа само кралеи на србите. Цар Душан се нарече: цар на србите, грците и арнаутите, а не и на бугарите. Титулата на цар Душан се обiаснуат така: тоi признаат на Балканцкиiот полуостров две словенцки држаи: Бугариiа и Србиiа и една не словенцка — Византиiа; Србиiа со завоеваiн'ето на византиiцки земiи сакат да наследит Византиiа, но со тоа она земат земiи коiи можат да бидат и србцки и бугарцки но коiи не сет бугарцки.

Македонцкото жител'ство не се односуало со мрзн'а кон србите. Ушче од времето на паг'аiн'ето на Самуилоото царство, македонците не iеднаш праиiа силни востааiн'а против Византиiа, многу по силни од бугарцкото во време на браiк'а Асановци, но не можаа да се ослободат, зашчо каi ниф сет друзи географцките прилики каi бугарите друзи. За да се ослободат бугарите во горна Бугариiа, шчо се оддел'уат од долна со Балканите, доста iет да се избиiат византиiцките гарнизони во неiа и да се фатат од ниф дервентите,